Хамилтон победата во Монте Карло му ја посвети на Ники Лауда

EPA/SRDJAN SUKI

Актуелниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“, по третпат дојде до победата на улиците на Монте Карло и по 77-ти пат дојде до највиското место на пиедесталот на трките за Светските првенства во Формула 1 одбивајќи ги сите напади од конкурентите, а победта му ја посвети на неодамна починатиот легендарен австриски автомобилски ас Ники Лауда.

Целната линија зад Хамилтон ја мина Холанѓанецот Макс Верстапен од „Ред Бул“, но поради казната од пет секунди определена во текот на трката, на крајот падна на четвртото место. Второто место го освои Германецот Себастијан Фетел од „Ферари“, со што е прекината серијата од двојни победи на „Мерцедес“. Клупскиот колега на Хамилтон, Финецот Валтери Ботас ја заврши трката како трет.

Ботас всушност беше „жртва“ на Верстапен кој додека излегуваше од боксот имаше контакт со болидот на Ботас на кој му пукна гумата. Верстапен за овој инцедент беше казнет и поради што од второто падна на четвртото мести. Во финишот од трката Холанѓанецот опасно му се закани на Хамилтон и во претпоследниот круг имаше близок контакт со неговиот болид, но Британецот имаше подобра срежа и заврши без проблеми.

Со четвртата победа сезонава Хамилтон ја зголеми предносте во генералниот пласман на возачите. Британецот е водечки со 137 бодови, а Бота е втор со 120, Фетел е трет со 80 а Верстапен е четврт со 78 бодови.

Во пласманот на конструкторите „Мерцедес“ е прв со 257 бодови, а втор е „Ферари“ со 139 бодови.

Следната, седма трка сезонава е на распоредот на 9-ти јунина, а ќе се вози на патеката „Жич Вилнев“ во Монтреал за Големата награда на Канада.

Возачите пред трката одржаа минута молчење за легендарниот трикратен светски првак Ники Лауда кој почена претходно седмицата, а сите носеа црве и капи со неговото име.

EPA/ANDREJ ISAKOVIC / POOL