Хамилтон победи на 1.000-та трка во Формула 1

Возачот на тимот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон е победник на третата трка од сезонава, а јубилејна илјадата во првенствата на Формула 1, која се возеше во неделата во Шангај за Големата награда на Кина.

Петкратниот светски првак во Формула 1, иако трката ја почна зад клупскиот колега Финецот Валтери Ботас, кој беше на пол позицијата, доминантно дојде до втората последователна победа во птрвенството, а вкупно 75 во кариерата и така го презема водствота во генералниот пласман кај возачите.

Втор трката ја заврши Ботас, а трет беше Германиецот Себастијан Фетел од тимот на Ферари. Четвртото место му припадна на Холанѓанецот Макс Верстапен во болидот на Ред Бул – Хонда, а како петти трката ја заврши вториот полит на Ферери, Шарл Леклер од Монако.