Хамилтон победи во Бахреин користејќи го проблемите на возачите на Ферари

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес победи во втората трка во сезоната за Големата награда на Бахреин на патеката Сакир, благодарејќи на пеховите што ги доживеаја двајцата пилоти на Ферари.

Ова е 74-та победа во кариерата на Луис Хамилтон, а интересно е што трката заврши во моментите додека безбедносното возило беше на патеката. Два круга пред крајот на трката, на патеката излезе возилот откако двата болида на Рено останаа на пистата и повеќе не излегуваше до крајот.

Второто место го освои, исто така, возачот на Мерцедес, Финецот Валтери Ботас, додека трет беше монашкиот возач Шарл Леклер во Ферари, кој во саботата стана вториот најмлад возач кој освоил пол-позиција, а во неделата во поголемиот дел од тррката беше во водство.

Леклер имаше најдобра стартна позиција, но не влезе најдобро во трката и падна на третото место зад Фетел и Ботас. Меѓутоа, во вториот круг го мина Ботас, а потоа во шестиот и Фетел и го презема водството. Предноста ја држеше до 49-от круг, кога поради проблеми со моторот го мина Хамилтон а потоа и Ботас.

Уште полошо мина првиот возач на Ферари, Германецот Себастијан Фетел, кој во борбата со Хамилтон се изврти и остана без втората позиција, а возејќи кон боксот остана и без предното крилце. На патеката се врати како деветти, а до крајот на трката успеа да се пробие на петтото место.

По двете трки во генералниот пласман води Ботас со 44 бодови, Хамилтон е на второто место со бод помалку, а трете е Холанѓанецот Макс Верстапен со 27 бодови.

Во пласманот кај конструкторите води Мерцедес со 87 бодови, пред Ферери со 48 и Ред Бул – Хонда со 31 бод.

Следната трка во Формула 1 ќе се одржи по две седмици во Кина.

РЕЗУЛТАТИ

1. Луис Хамилтон (ВБ / Мерцедес) 1 ч 34: 21.836
2. Валтери Ботас (Фин / Мерцедес) + 2.980
3. Шарл Леклер (Mон / Ферари) 6.131
4. Макс Верстапен (Хол / Ред Бул-Хонда) 6.408
5. Себастијан Фетел (Герм / Ферари) 36.068
6. Ландо Норис (ВБ / Мекларен-Рено) 45.754
7. Кими Рајконен (Фин / Алфа Ромео Трки-Ферари) 47.470
8. Пјер Гасли (Фра / Ред Бул-Хонда) 58.094
9. Александер Албон (Тај/ Торо Росо-Хонда) 1: 02.697
10. Серхио Перес (Мек / Рејсинг Поинт-Мерцедес) 1: 03.696 …

РЕДОСЛЕД

1. Валтери Ботас (Финска) 44 бода
2. Луис Хамилтон (Велика Британија) 43
3. Макс Верстапен (Холандија) 27
4. Шарл Леклер (Франција) 26
5. Себастијан Фетел (Германија) 22
6. Кими Рајконен (Финска) 10
7. Ландо Норис (Велика Британија) 8
8. Кевин Магнусен (Данка) 8
9. Нико Хулкенберг (Германија) 6
10. Пјер Гасли (Франција) 4 ..

КОНСТРУКТОРИ

1. Мерцедес 87 бода
2. Ферари 48
3. Ред Бул-Хонда 31
4. Алфа Ромео Рејсинг – Ферари 10
5. Мекларен – Рено 8
6. Хаас – Ферари 8
7. Рено 6
8. Торо Росо – Хонда 3
9. Рејсинг Поинт – Мерцедес 3

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.