Хамилтон победи во Будимпешта и покрај заостанувањето од 20 секунди

© EPA-EFE/Tibor Illyes

Трката за Големата награда на Унгарија која се возеше на патеката „Хунгароринг“ во Будимпешта може да се окарактеризира како една од највозбудливите во оваа сезона во Формула 1 шампионатот.

За актуелниот светски првак ова е веќе осма победа сезонава, а 81-ва во кариерата, при што е рекордна седма во Унгарија. Германецот Михаел Шумахер на „Хунагроринг“ славеше четири а Бразилецот Аритон Сена трипати.

Најголем „виновник“ за тоа е тимот на „Мерцедес“ и нивната прва ѕвезда Луис Хамилтон, кој денес ја запиша својата 81 победа Формула 1. Стартот на трката не донесе некое поголемо изненадување и Верстапен рутински го чуваше лидерското место. Но, на 20 круга да крајот, „Мерцедес“ го повика Хамилтон во боксот, каде му беа ставени медиум пневматици, па предноста на младиот Верстапен, која во тој момент изнесуваше 20 секунди, од круг во круг се намалуваше.

Клучниот момент од трката се случи во 67-от круг, кога Хамилтон го мина тогаш водечкиот Макс Верстапен во „Ред Бул“, Холанѓанецот на крајот беше втор, додеја третото место го зазема Германецот Себастијан Фетел во „Ферари“, кој истпо така во 67-от круг го мина клупскиот колега Шарл Леклер.

На одличното петто место се проби Карлос Санз во „Мекларен“, Пјер Хасли додјде до шестото место, а Кими Рајконене до седмото. Валтери Ботас трката ја заврши како осми.

Во генералниот пласман води Хамилтон со 250 бодови, втор е Ботас со 188, а трет е Верстапен со 181 бод.

Во Светското првенство во формула 1 следува пауза, а сезоната продолжува на 1-ви септември со трката за Големата награда на Белгија која ќе се вози на патеката „Спа-Франкошан“