Хамилтон победи во трката за Големата награда на Франција

(AP Photo/Claude Paris)

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена на „Пол Рикар“ за Големата награда на Франција со време 1 час, 31 минута, 24 секунди.

За Британецот ова беше трет триумф во низа, шести оваа сезона и 79-та во кариерата.

Триумфот на Мерцедес го момплетира Валтери Ботас кој заврши на втората позиција со 18 секунди заостанување зад победникот.
Место на подиумот избори и Шарл Леклер од Ферари кој предвидените 53 круга ги мина со 19 секунди послабо време од Хамилтон и нецела секунда зад второпласираниот Ботас.

Меѓу првите десет се пласираа уште и: Верстапен (4.место), Фетел (5), Сајнц (6), Рикардо (7), Раиконен (8), Хулкенберг (9) и Норис(10).

Во Генералниот поредок Хамилтон е убедливо прв со 187 бода, Ботас има 151, Себастијан Фетел 111, Макс Верстапен 100, Шарл Леклер 87,…

Следната трка ќе се вози следната недела во Австрија