Хамилтон победник во Мексико

EPA/JOSE MENDEZ

Британскиот возач Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ дојде на чекор до одбраната на титулата светски шампион во гласата Формула 1, откако во неделата победи на трката за Големата награда на Мексико возена во Сиудад де Мехико.

Хамилтон до победата во Мексико дојде благодарејќи на само едното запирање за промена на гумите, додека сите негови конкуренти барем по двапати одеа во боксор. Хамилтон практично можеше да ја обезбеди и шестата титула светски првак уште во Мексико, три трки пред крајот на на првенството, но плановите му ги расипа клупскиот колега, Финецот Валтери Ботас, кој на целата мина трет.

Второто место го освои Германецот Себастијан Фетел од тимот на „Ферари“, додека негвоиот клупски колега Шарл Леклер од Монако беше четврти.

Ова е 83-та победа на Хамилтон во кариерата, а три трки пред крајот Британецот има 74 бодови повеќе од Ботас, па сосема е извесно дека ќе ја освои титулата уште на следната трка за Големата награда на САД која следниот викенд ќе се вози во Остин. Имајќи предвид дека Ботас максимално може да освои вкупно 78 бодови, на Хамилтон му се потребни само четири бодови.

Во генералниот пласман, Хамилтон води со 363 поени. Второто место го држи Ботас (289), пилотот на „Ферари“, Леклер од Монако е трет (236).

За тимот на „Мерцедес“ кој уште по Големата награда на Јапонија си го обезбеди првото место во конкуренцијата на конструкторите, ова беше 100-та победа во Формула 1. Води „Мерцедес со 652 бодови, „Ферари“ има 486, а трет е „Ред Бул“ со 341 бод.