Спорт

фомула 1 Хамилтон со победата во Сингапур го зголеми водството

Хамилтон со победата во Сингапур го зголеми водството

Британецот Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ направи уште еден исчекор кон одбраната на шампионската титула во Светското првенство од Формула 1, победувајќи во неделата на трката за Големата награда на Сингапур возена на патеката „Јас Марина“.

Во петнаесеттата трка сезонава Хамилтон беше во водство од самиот старт и до целта доминантно дојде до 69-та победа во кариерата и седма оваа сезона.

Второто место му припадна на Холанѓанецот Макс Ферстапен од тимот на „Ред Бул“, додека трет беше Германецот Себастијан Фетел од „Ферари“, кој така сé повеќе заостанува зад Британецот.

На шест трки пред крајот Хамилтон има 281 бод, дури 40 повеќе од Фетел. Во генералниот пласман кај конструкторите, пак, „Мерцедес“ има 37 бодови преднос пред „Ферари“.

Следната трка ќе се одржи по две седмици за Големата награда на Русија, која ќе се вози во Сочи.

Пласман во Сингапур

1. Луис Хамилтон (ВБ/ Мерцедес) 308.828 км за 1 час 51: 11.611 (просечна брзина: 166.644 km/h)

2. Макс Верстапен (Хол/ Ред Бул-Рено) заостанување 8.961

3. Себастијан Фетел (Гер/ Ферари)                                   39.945

4. Валтери Ботас (Фин/ Мерцедес)                                   51.930

5. Кими Рајконен (Фин/ Ферари)                                      53.001

6. Даниел Рикадо (Аус/ Ред Бул – ТАГ Хеуер)               53.982

7. Фернандо Алонсо (Шпа/ Мекларен-Рено)            1: 43.011

8. Карлос Сајнц јун (Шпа/ Renault)                           + 1 круг

9. Чарлс Леклек (Мон/ Заубер-Ферари)                   + 1

10. Нико Хулкенберг (Гер/ Рено)                               + 1

 

Генерален пласман кај возачите

1. Луис Хамилтон (ВБ) 281

2. Себастијан Фетел (Гер) 241

3. Кими Рајкконен (Фин) 174

4. Валтери Ботас (Фин) 171

5. Макс Верстапен (Хол) 148

6. Даниел Рикардо (Аус) 126

7. Нико Хулкенберг (Гер) 53

8. Фернандо Алонсо (Шпа) 50

9. Кевин Магнусен (Дан) 49

10. Серхио Перес (Мек) 46