Хамилтон стартува од прва позиција во Монако

Актуелниот светски првак во Формула 1 и водечкиот во генералниот пласман во годинешното Светско првенство, Британецот Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ ќе стартува од првата позиција на трката за Големата награда на Монако, која ќе се вози во недела.

Хамилтон во саботните квалификации оствари 86 стотинки подобро време од клупскиот колега Финецот Валтери Ботас за својата 85-та „пол позиција“ во кариерата.

Од вториот ред во трката ќе влезат Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на „Ред Бул – Хонда“ и Германецот Себастијан Фетел во болидот на „Ферари“.

Трката за Големата награда на Монако на распоредот е во недела од 15,10 часот.

СТАРТЕН РЕДОСЛЕД:

  1. Луис Хамилтон (В.Б. / Мерцедес)
  2. Валтери Ботас (Фин / Мерцедес)
  3. Макс Верстапен (Хол / Ред Бул-Хонда)
  4. Себастијан Фетел (Гер / Ферари)
  5. Пјер Гаси (Фра / Ред Бул-Хонда)
  6. Кевин Магнусен (Дан / Хаас-Ферари)
  7. Даниел Ричиардо (Авс / Рено)
  8. Данил Квит (Рус / Торо Росо-Хонда)
  9. Карлос Сајнц (Шпа / Мекларен-Рено)
  10. Александер Албон (Тај / Торо Росо-Хонда)