Хамилтон триумфираше во Силверстоун и еден-два победа за Мерцедес во Ф-1 шампионатот

20

Актуелниот шампион, Луис Хамилтон дојде до уште една победа во шампионатот на Формула 1 за Големата награда на Велика Британција.

Луис пред своите гледачи ја забележа седмата победа во оваа сезона на десетата трка или севкупно 80 во неговата кариера. Тој тргна од втората пол-позиција, но во текот на трката во Силверстоун го мина клупскиот колега Валтери Ботас кој на крајот беше втор.

Покрај нив двјацата на пиедеталот се најдеи Шарл Леклер од Ферари, тим кој денеска водеше голема битка со возачите на Ред Бул. Оваа трка беше одбележана по инцидентот во кој учествуваа Ферстапен и Фетел, при што вториот направи грешка и со својот болид го закачи Холанѓанецот.

Поради ова возачот на Ферари доби казна од 10 секунди и го заврши британското гран при дури на 16 место.

Следната трка од Ф1 шмапионот е за ГН за Германија на 28 јули.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.