Хамилтон убеден дека ќе ја освои титулата

Пилотот на тимот Мерцедес во Формула 1, Луис Хамилтон, убеден е дека во новата сезона ќе биде еден од најголемите фаворите за освојување на шампионската титула. Тој е охрабрен од добрите резултати на тестирањата минатиот месец во Бахреин и затоа верува дека може да триумфира уште на првата трка во новата сезона на 16 март за Големата награда на Австралија.

„Возбуден сум заради новата сезона , не само како возач туку и како навивач. Сакам да гледам претекнувања , различни победници на трките  и одлука за шампионската титула на последната трка. Се надевам дека ова ќе се случи годинава. Мислам дека оваа сезона ќе се исплати да се гледа Формула 1”, изјави 28 – годишниот Хамилтон.

Британецот, кој ја освои шампионската титула во 2008 година, истакна и дека  неговиот тим е подготвен за првата трка во Мелбурн.

„Подготвени сме за Мелбурн и запалени повеќе од кога и да било. Ова ќе биде година во која ќе покажеме што знаеме.  Мислам дека имаме се што ни е потребно за успех и затоа со нетрпени чекам да почне шамионатот”, додаде Хамилтон.