Хамилтон во Абу Даби со победа ја заврши шампионската сезона

125
(AP Photo/Kamran Jebreili)

Со водство од првиот до последниот круг, Луис Хамилтон победи на трката од Формула 1 шампионатот во Абу Даби, последна за оваа сезона.

За Хамилтон ова беше 250-та трка во кариерата и 84-та победа, од што 11 оваа сезона со што го израмни личниот рекорд по бројот на триумфите во една година.

Второто место го освои Макс Ферстапен од „Ред Бул“, додека третата позиција му припадна на Шарл Леклер од „Ферари“. 

Хамилтон сезоната ја заврши со 413 бодови, 87 повеќе од клупскиот колега Финецот Валтери Ботас , а Макс Ферстапен е трет со 278 бодови. Следната сезона Британецот ќе атакува на израмнување по бројот на титули со легендарниот Германец Михаел Шумахер кој има седум триумфи.

Во конкуренцијата на конструктори „Мерцедес“ собра 739 бодови, втор е „Ферари“ со 504, а трет е тимот на „Ред Бул – Хонда“ со 417 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.