Хамилтон во Остин ја потврди новата титула

EPA-EFE/MIGUEL SIERRA

Британскиот возач Луис Хамилтон во болидот на „Мерцедес“ ја обезбеди титулата во Светското провенство во класта Формула 1 две трки пред крајот на првенството, освојувајќи го во неделата вечерта второто место на трката за Големата награда на САД во Остин.

Во Остин најбрз беше клупскиот колега на Хамилтон, Финецот Валтери Ботас, а трет беше Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на „Ред Бул“,

Во преостанатите две трки Хамилтон е недостижен за Вестапен, кој со оваа победа си го обезбеди второто место во генералниот пласман. Минатата сезона, исто така, Британецот си ја обезбеди титулата.

Триесет и четиригодишниот Хамилтон ја освои шестата титула, а трета последователно, беше шампион во 2008, 2014, 2015, 2017, 2018 и 2019 година. Со тоа на вечната листа на второто место го надмина легендарниот Аргентинец Хуан Мануел Фанџо кој има пет титули, додека возач со најмногу титули е Германецот Михаел Шумахер – седум.

Хамилтон дебитираше во Формула 1 во 2007 година во тимот на „Мекларен“, во кој мина шест сезони а титулата ја освои веќе во втората. Во 2013-та Британецот мина во „Мерцедес“ со чиј болид го освои селедние пет титули.