Хамилтон во Сочи од првата стратна позиција ќе го брка рекордот на Шумахер

27 September 2020. EPA-EFE/Pavel Golovkin / Pool

Актуелниот светски првак во класата Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес, ќе стартува од првата позиција на трката за Големата награда на Русија во Сочи во недела која започнува во 13,10 часот.

Хамилтон дојде до својата 96-та „пол позиција“ во кариерата со повеќе од половина секунда подобро време од второпласираниот Холанѓанец Макс Верстапен од тимот на Ред Бул-Хонда во последната трета фаза од квалификации. Но Британецот за малку ќе „заглавеше“ во втората фаза, кога во последен момент влезе во својот брз круг во кој го оствари четвртото време во втората фаза и влезе меѓу десетте возачи кои ги продолжија квалификациите.

Доколу во недела победи, Хамилтон ќе се израмни со Германецот Михаил Шумахер на првото место според бројот на победите во кариерата. Шумахер во моментов има 91, а Хамилтон 90 триумфи.

Саботните квалификации ги одбележа и несреќата на германскиот пилот Себастијан Фетел од тимот на Ферари, кој во втората фаза се заби во заштитната ограда, по што квалификациите беа прекинати. Фетел, за среќа, мина без повреди, но трката ќе ја почне од 15-та позиција.

Пласман квалификации:

1. Луис Хамилтон (Мерцедес)
2. Макс Верстапен (Ред Бул-Хонда)
3. Валтери Ботас (Мерцедес)
4. Серхио Перез (Рејсинг Поинт-Мерцедес)
5. Даниел Рикардо (Рено)
6. Карлос Сајнц јуниор (Мекларен-Рено)
7. Естебан Окон (Рено)
8. Ландо Норис (Мекларен-Рено)
9. Пјер Гасли (Алфатаури-Ходна)
10. Александар Албон (Ред Бул-Хонда)