Хамилтон за 90 милиони евра останува во „Мерцедес“

Актуелниот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон ја продолжи верноста кон „Мерцедес“ со потпишување на нов, двегодишен договор, наводно вреден 90 милиони евра.

Според новиот договор, тој ќе заработува по 45 милиони евра од сезона.

Луис има гарантирано место во историјата на нашата екипа, тој е најуспешен возач во нашата историја и среќни сме што го задржавме, порачаа од таборот на „Мерцедес“.

И Хамилтон возврати со иста мера со констатација дека никогаш не бил посреќен.

Јас сум дел од фамилијата „Мерцедес“ уште од 1998 година. Секогаш ќе им бидам благодарен, и секако сум горд на она што го постигнавме заедно, возбуден сум за иднината. Убеден сум дека „Мерцедес“ е вистинското место на кое треба да бидам во наредните години. Иако постигнавме многу успеси од 2013 година, „Мерцедес“ никогаш не бил „погладен“, изјави Хамилтон.

Според него, потписот бил формалност бидејќи со Тото Волф се договориле уште зимоска.

Од „Мерцедес“ најавуваат дека наскоро ќе биде решен и договорот со вториот возач, Валери Ботас.