Хамнеи ја водеше масата на молитвата и плачеше на погребот на Сулејмани

Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи ја предводеше молитвата пред насобраното мноштво во Техеран во понеделникот на погребот на убиениот во американски напад воен командант Касем Сулејмани, јавно плачејќи по генералот чија ќерка им навести „црни дни“ на САД.

Како што пренесуваат иранските медиуми, Иранците во милиони ги исполниле улиците на престолнината за да се простат од влијателниот и моќен командант на специјалните сили Ал Кудс, задолжени за надворешните операции на Иранската револуционерна гарда.

Според снимките прикажани на телевизиите, познавачите на историските настани во регионот, проценуваат дека во понеделникот во Техеран се собрале најмногу луѓе од 1989 година, по повод погребот на основачот на Исламска Република Иран, ајатолахот Хомеини, водачот на револуцијата којашто ја предизвика политичката децениска конфронтација со САД.

Сулејмани, одлукуван ветеран од осумгодишната војна со Ирак во 1980-те години, многу Иранци го сметаат за национален херој. Беше сметан, исто така, и за најмоќна и највлијателна политичка фигура по ајатолахот Хамнеи.

Светските агенции јавуват дека било нескриено треперењето во гласот на ајатолахот Хамнеи додека ја изговарал молитвата што го принудувало да запира на моменти. Масата извикувала „Смрт на Америка“. На еден транспарент истакнат меѓу толпата можело да се прочита „Имаме право да бараме тешка одмазда“, со што се повторуваат коментарите на иранската армија и на политичките челници.

Ковчезите со телата на Сулејмани и командантот на ирачката шиитска формација Аби Махди ал-Мухандис, кој беше убиен во истиот напад во петокот во Багдад, беа прекриени со националните знамиња и пренесувани од рака на рака над главите на мноштвото во центарот на Техеран. Долгата поворка, којашто, според телевизиските снимки го блокираше целоснио итанскиот главен град, започна на техеранскиот универзитет, и се движеше кој Плоштадот Азади, или Плоштадот на Слободата.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно порача дека американската армија има 52 цели во Иран доколку дојде до одмазнички акции, што е бројката на американските заложници во американската амбасда во Техеран држани 444 дена по иранската исламска револуција. Трамп, чијашто администрација наметна нови санкции за Иран од мај 2018 година кога САД се повлекоа од нукеларниот договор од 2015 година потпишан меѓу Техеран и шесте светски сили, рече дека целите вклучуваат и културни знаменитости.

Таквите изјави предизвикаа остри реакции.

„Америка и ционизмот мора да знаат дека мачеништвото на мојот татко ќе води до будење… отпор и ќе им донесе мрачен ден, ќе им ги срамни домовите“, рече во своето обраќање пред масата Иранци, ќерката на генералот Зејнаб Сулејмани.

Во иранскиот политички вокабулар Израел се нарекува ционистичка држава, а регионалните земји и другите сили кои се против Израел и САД се нарекуваат фронт на отпорот.

„Луд Трамп, не помислувај дека сѐ е завршено со маченичката смрт на мојот татко“, порача уште ќерката на генералот Сулејмани.

На погребот на Сулејмани присуствуваа и иранските сојузни во регионот. Во Техеран допатува и Исмаил Ханија, челник на палестинското движење Хамас, кој изјави „Ја прогласувам маченичката смрт на командантот Сулејмани за маченичка жртва на Ерусалим“.

Иранските команданти испратија низа закани по американскиот напад, но не прецизираат како ќе одговорат.

„Дури и да се убие Трамп не би била доволна одмазда, и едиснтвената работа со којашто би се наплатила крвта на маченикот Сулејмани е комплетното протерување на Америка од регионот“, изјави командантот на воздухопловните сили на Револуционерната гарда, Амирали Хаџизадех во коментарот кој го пренесуваат иранските медиуми.

Во неделата ирачкиот парламент го поддржа предлогот на премиерот Адел Абдел Махди и донесе резолуција дека поради кршењето на ирачкиот суверенитет и нарушувањето на безбедноста на земјата, сите странски трупи треба да го напуштат Ирак.

Од Техеран, како и во претходните конфликтни ситуации со Вашингтон, и овојпат порачаа дека ќе биде одбрано местото и времето за одмазда. Самиот Суелјмани во 2018 година им порача на САД: „Доколку почнете војна, ние ќе ја завршиме војната“.