Хамнеи: Американските санкции се во корист на Иран

Во телевизиското обраќање до нацијата по повод почетокот на Иранска нова година, врховниот верски лидер, ајатолах Али Хамнеи истакна дека американските санкции поридонеле Иран да стане самоодржлива држава.

Тој ги поивка Иранците да го одржуваат единството.

– Обединети зад себе оставаме многу тешка година.  Благодарен сум на Иранците, кои демонстрираа единство и солидарност. Оваа Нова година ќе ја наречеме година на производството, посочи Хамнеи.

Тој додаде дека Иран има корист од американскуте санкции.

– Санкциите придонесоа да оствариме самоодржливост во сите сфери, посочи Хамнеи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.