Хамнеи: Има нејасни моменти во несреќата на украинскиот авион

Неопходно е продолжувањето на истрагата за несреќата на украинскиот патнички авион на 8-ми јануари крај Техеран во која загинаа 176 луѓе, сѐ додека има нејасни моменти за трагедијата, изјави во петокот верховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи и ги повика Иранците на национално единство по протестите во врска со инцидентот.

Предводејќи на петочната молитва, првпата по осум години и на која според медиумите присустувале повеќе десетици илјади луѓе, ајатолахот Хамнеи рече дека треба да се презамат мерки за во иднина Иран да избегне трагедии како кога иранската војска, со човечка грешка, го собори укранскиот авион во времето на воена опарација против американските цели.

„Во инцидентот со авионот има нејасни моменти коишто мора да бидат истражени и неопходно е да спречиме слични случаи во иднина“, рече Хамнеи во говорот кој директно беше пренесува на државната телевизија. Додаде дека „загинувањето на Иранците и дравјани на други земји е многу горлив инцидент“. „Катастрофата на авионот беше настан кој буквално го изгоре моето срце“, истакна иранскиот врховен водач.

Ајатолахот ги повика на единство Иранците кои бараа оставка од владата, зашто минаа три дена откако призна дека авионот бил соборен по грешка со ракета на противвоздушната одбрана во времето кога Техеран изведуваше ракетни напади во соседен Ирак врз бази во кои има американски војници и очекуваше реакција на САД.

Хамнеи зборуваше и за економски притисокот од Западот врз Иран поради неговата нуклеарна програма, откако во мај 2018 година САД еднострано се повлекоа од договорот кој во 2015-та година Техеран го потпиша со шесте светски сили.

„На европските држави не може да им се верува. Велика Британија, Германија и Франција не прават ништо. Тие ќе им служат на американските интереси. Тие се марионети“, рече Хамнеи. Иранскиот челник истакан и дека изјавите од овие три земји се без основа и оти Европејците „нема да можад да ја стават на колена иранската нација“.

Трите споменати евроспки земји во вторникот го активираа ткн механизам за решавање на споровите предводен со договорот, обвинувајќи го Иран не го почитува договореното.

Нуклеарниот договор од 2015-та, кој Иран го потпиша со САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција, Германија и ЕУ, требаше да гарантира само развој на цивилната нуклеарна програма, како што постојано тврди Техеран, а да го спречи развојот на воената програма. Иран се согласи на тоа во замена за укинувањето на децениските санкции од меѓународната заедница со цел да го спречи да дојде до нуклеарно оружје. Но по повлекувањето на САД во мај 2018-та, Иран повторно е на удар на жестоки санкции кои се однесуваат и на сите компании во светот кои соработуваат со Техеран, вклучително и оние од земјите во ЕУ. Иран поради тоа по постепеното суспендирање на своите обврски од договорот се закани и со целосно повлекување од него, откако на 3-ти јануари во американски напад во Багдад беше ликвидиран неговиот влијателен генерал Касем Сулејмани.

Иран ѝ влепи „шлаканица“ на светска сила, продолжи во петочната молитва Хамнеи и оцени дека Иран ги ужива во благодатот на Божјата помош. „Фактот дека Иран има сили да ѝ влепи таква шлаканица на светска сила покажува дека тоа е Божја промисла“, рече ајатолахот.