Хамнеи остро ги осуди нападите во Ирак, Техеран протестира за „милитантните“ изјави од САД

153

Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи остро ги осуди американските напади врз шиитската милиција во Ирак, соопшти во средата иранската државна телевизија, обвинувајќи ги САД за насилствата во соседната земја.

„Иранската влада, нацијата и јас силно ги осудуваме нападите“, рече Хамнеи нарекувајќи ги „одвратни“.

Американската армија во неделата изведе воздушни удари врз базите на доброволечката ирачка шиитска милиција Ктаиб Хезболах која е дел од паравоената колаиција која го понесе најголемиот товар во копнените удари со ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава во Ирак. САД го оправдаа овој потег во кој имаше 25 жртви со одмазда за ракетен напад врз воена база во која се сместени американски војници во петокот во кој загина еден цивил со договор со армијата,

Американскиот претедател Доналд Трамп го обвини Иран дека стои зад насилните протести пред американската амбасада во Багдад во вторникот и рече дека Техеран е одговорен за тоа. Иран ги отфрли обвинувањата,

„Повторно тој (Трамп) го обвини Иран за нападите. Не можете ништо да сторите. Да размислувате логично, а тоа не го правите, би сфатиле дека другите земји ве мразат поради вашите злосторства во Иран и во другите земји. Доколку Иран се реши да ѝ се спротистави на некоја земја, ние тоа отворено ќе го направиме… Ако некој им се закани на интересите на нашата земја, ние ќе возвратиме… без колебање“, напиша на Twitter Хамнеи.

Истовремено во вторникот иранското министерство за надворешни работи енергично протестираше против САД во врска со ситуацијата во Ирак предупредувајќи на „милитантните изјави“ кои доаѓаат од Вашингтон.

Во средата во министерството за надворешни работи во Техеран бил повикан амбасадорот на Швајцарија, која ги преставува интересите на САД во односите со Иран, и преку него е изразен „силен протест поради милитаристичките изјави кои ја кршат Повелбата на ОН“ од страна на американските претставници.

„Помошникот министер за надворешни работи на Иран, Мохсен Бахарванд, изразувајќи го протестот против САД побара од вршителот на должноста на Швајцарија да им предаде (на САД) порака дека Ирак е независна земја, а ирачкиот народ се стреми кон слобода и независност“, се наведува во соопштението на иранската дипломатија.

Покрај тоа, на швајцарскиот амбасадор му било кажано дека реакцијата на Ирачаните на постапките на земјата која „го окупирала“ Ирак е природна. Нападите на САД и врз Сирија истовремено со нападите во Ирак покажуваат дека Вашингтон „спроведува други цели“ во регионот, се додава во соопшението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.