Хамнеи порача дека САД ќе бидат исфрлени од Ирак и Сирија

Врховниот ирански водач, ајатолахот Али Хамнеи изјави во неделата дека САД ќе бидат „исфрлени“ од Ирак и Сирија, двете земји во коишто е изразено иранското присуство.

САД и Иран се во крајно затегнати односи веќе четири децении, а тие почнаа да ескалираат од 9-ти мај 2018 година кога Вашингтон еднострано се повлече од нуклеарниот договор кој Техеран три години претходно го склучи со шесте светски сили, по што беа воведени повторно децениските строги антиирански санкции. Во јануари годинава

Ситуацијата меѓу двете земји на почетокот од годинава ескалираше до работ на отворен воен судир откако ноќта кон 3-ти јануари, САД изведоа воздушен удар крај меѓународниот аеродром во Багдад, во кој беа убиени командантот на иранските специјални сили, генералот Касем Сулејмани и заменик-командантот на ирачката шиитска милиција, Абу Махди ал-Мухандис, кои Вашингтон ги смета за клучни личности вклучени во организацијата на протестите и обидот за упад во американската амбасада во Багдад на 31-ви декември.

Американските сили интервенираа во Сирија во поддршка на сунитските бунтовници под изговор за борба против сунитската џихадистичка организација Исламска држава, како и во соседниот Ирак. Иран е сојузник на сирскиот алавитски претседател Башар ал-Асад, а на ирачкото боиште копнените операции против Исламската држава ги водеа ирански и шиитски доброволци заедно со ирачките шиити кои се во мнозинство во оваа земја.

„САД нема да останат ниту во Ирак, ниту во Сирија. Мора да се повлечат или да ќе бидат исфрлени“, изјави ајатолахот Хамнеи во текот на виртуелната средба со студентите, пренесува неговата официјална интернет страница.

„Дури и водачите на некои американски сојузници ги мразат американските државници и владата. Не им веруваат“, додаде Хамнеи и појасни дека таа омраза ја предизвикува „воинственоста на Американците кои им помагаат на лошите влади, ги обучуваат терористите и даваат безусловна поддршка на сѐ поголемата доминација на ционистичкиот режим, но и и на ужасното америчко управување со кризата од коронавирусот“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.