Хан: Ја поздравувам посветеноста на Мицкоски да не го кочи процесот во Собранието

Комесарот за проширување и соседска политика , Јоханес Хан , на својот Твитер профил објави дека имал корисен разговор со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Бев кристално јасен дека ратификацијата на Договорот од Преспа мора да се финализира брзо и без никакви пречки. Ја поздравувам неговата посветеност да не го опструира процесот во Собранието. На ЕУ интеграциите им е потребна лојална опозиција, напиша Хан на Твитер по средбата со Мицкоски на маргините на самитот на Европските народни партии во Хелсинки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.