Хан следната недела доаѓа во Скопје

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, следната недела доаѓа во посета на Македонија.

Хан ја најави посетата на својот профил на „Твитер“, по средбите со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

– Со нетрпение ја очекувам мојата посета во Скопје следната недела во рамки на којашто ќе остварам политички средби и средби со претставници на цивилното општество, објави Хан на „Твитер“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.