Ханикат не го убила полицијата, си пукал во главата

Американскиот кошаркар Тајлер Ханикат не бил убиен во престрелка со полицијата, туку бил мртов пред полицијата да влезе во неговата куќа во Калифорнија.

Медиумите прво објавија дека кошаркарот на руски „Химки“ бил убиен во судир со полицијата, откако се затворил во домот поради ментални проблеми, но полицијата во Лос Анџелес веднаш објавила дека Ханикат извршил самоубиство и дека е пронајден мртов.

Обдукцијата го потврдила полицискиот извештај, со заклучок дека Ханикат бил убиен пред да дојде полицијата, откако си пукал во главата.
Мајката на американскиот кошаркар изјави дека нејзиниот 27-годишен син се однесувал чудно во последно време, но исто така тврдела дека полицијата го убила.

Ханикат освен во „Химки“ во изминативе сезони во Европа играше и за „Анадолу Ефес“ и за израелски „Ирони“, а од 2011 до 2013 година беше член на „Сакраменто кингс“.