ХАОС кај Пирот – Се превртеа вагони со амонијак, 51 лице хоспитализирано поради труење

Вкупно 51 лице се јавило вечерва во болницата во Пирот. Седумина од нив се повредени во несреќата која беше предизвикана со истекување на амонијак кога цеден вагон излизгал од шините, а еден од нив е потешко интоксиниран и префрлен во Клиничкиот центар во Ниш.

Останатите пациенти имале симптоми со труење, двајца со потешка клиничка слика. Сите се со стабилни параметри и поблаги хемиски хемиски опекотини, велат од КЦ Ниш.

По излетувањето на вагонот и истекувањето на амонијакот и на автопатот се создала завеса од испарувањата, па неколку возила излетале од патот.

На тој дел од автопатот настанал хаос, па возилата на противпожарната заштита и брзата помош имале потешкотии да пристигнат на местото на несреќата.