Видео| Хаос на бензинските пумпи, Еуросупер БС-95 и дизелот поскапуваат за 9 денари, а безоловниот за 9,5 денари за литар

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука според која од полноќ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 7,96 отсто.

    Граѓаните веднаш по соопштувањетоо на оваа одлука излегоа да наточат гориво на  бензинските пумпи. Тие коментираат дека се претера со сите граници со поскапувањата и дека со нашиот стандард на живот наскоро нема да можеме да си ги дозволиме ниту основните потреби.

    Со новите цени, од утре, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 9,00 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 9,50 денари за литар, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 9,00 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,50 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста.

    Според тоа, од 1 јуни максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

    Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 104,00 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 106,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00, масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,00 денари и Мазутот М-1 НС ќе чини 54,640 денари за килограм.

    фото: Курир

    Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.