Хаос на Богородица со новите мерки-утрово колони возила заглавени, не можат да излезат од Македонија (ФОТО)

Новата мерка која започна да важи од денеска 1 септември направи вистински хаос и метеж на граничниот премин „Богородица“.

Имено за влез и за излез од земјава од денеска се бара сертификат за извршена вакцинација односно примени две дози на вакцина, потврда за прележан Ковид во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или негативен брз тест за антигени тела не постар од 48 часа.

Оваа нова мерка денеска буквално гу ги прави нервозни граѓаните кои чекаат и до еден час за излез од нашата земја и влез во соседна Србија.