Хаос пред Градска болница: Со пиштол се заканувал на полиција, едно лице е рането (ФОТО)

Голем број на полициски возила и службеници пред Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, објавија медиуми.

Возило марка „голф 5“ влетало во болницата, при што едно лице извадило пиштол и го вперил во полицијата.

„Денеска во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во с.Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР за инцидентот.

Полицијата го расчистува на случајот.