ХАОС ВО МВР: Спасовски вечерва го парализираше министерството

Хаос во Министерството за внатрешни работи. Вечерва стигнала телеграма до сите вработени во МВР во која новиот технички министер Оливер Спасовски, спротивно на Законот за Влада усогласен во клубот на пратениците ги одзема сите овластувања. Со тоа Спасовски практично од вечерва целосно го парализираше Министерството, пишува Пресс 24.

Ваков чекор, извори од МВР велат дека не е сторен во изминативе 20 години. Тоа значи дека дури и на управните служби им се повлечени овластувањата. Практично се доведува во прашање целокупното функционирање на МВР.

Со одлуката што Спасовски ја донесе попладнево практично се погазени изјавите на СДСМ за контролна улога до изборите.  Само пред два дена Зоран Заев ја измами целокупната домашна и меѓународна јавност.

07541447339a6734a07d362ed7ab87a886ee9d6062fb7159db2dff7cccc96655

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.