Хаос во Општона Бутел

Две години градоначалник, две годни хаос и безредие во Бутел. Велимир Смилевски дојде ветувајќи „Живот за сите“, а бутелчани добија ќотек.

Пред неколку недели во медиумите излезе вест дека близок соработник на Смилевски, претепал вработен во општината. Градоначалникот проба на секаков начин да се огради од ситуацијата, но на фотографиите кои се поставени на социјалната мрежа Фејсбук јасно се гледа дека нивната дружба по кафеаните е честа.

Новинарска екипа на Курир прошета низ општината Бутел и ги запраша граѓаните што мислат за него. Не е баш сјајна сликата за Смилевски.

Еден граѓанин ни кажа дека воопшто незнае ни како изгледа, друг се пожали дека тој е единствениот градоначалник кој не живее во својата општина, трет се жали на кучињата скитници кои се почесто ги има во општината, а највеќе ни се пожалија на хаосот и безредието кое владее во општина Бутел.

Тој можевме да го забележиме и сами. Автомобили паркирани насекаде, тротоарите наместо за пешаци служат за паркирање возила на вработените во општината. За ситуацијата да биде уште поалармантна учениците од основното училиште „Живко Брајковски“ и „Ацо Шопов“ неможат безбедно да ги преминуваат улиците.

Паркови речиси и да нема, улиците се раскопани, граѓаните гневни на Смилевски кој пак во медиумите пред извесен период се испофали со проекти.

Излеговме на терен и направивме фотографии, „Пред фактите и боговите молчат“, Велимир Смилевски освен хаос и безреди не направи ништо за Бутел и бутелчани!