(ВИДЕО) Хаос во Сплит: Хајдук елиминиран од анонимната Гзира од Малта, публиката влезе да се пресмета со фудбалерите

Вистинска драма на „Пољуд“, Хајдук од готово направи вересија и срамно е елиминиран од анонимната Гзира со гол во 96. Минута. Навивачи влегоа на терен по голот за да се пресметаат со фудбалерите.

Хајдук минатата недела триумфираше на гостувањето во Малта со 2-0 и реваншот вечерва требаше да биде рутина. Домаќините рано поведоа со 1-0 и веројатно многумина веќе тука помислија дека се е готово.

Но Гзира не се предаде и во второто полувреме приреди сензација. Џеферсон и Коне направија пресврт за 25 минути игра во продолжението, а шокот се случи во 96. минута кога Коне погоди по втор пат за 3-1 и огромна радост.

По ваквиот расплет на настаните, навивачите од северната трибина, популарната група „Торцида“, ја пробија оградата и десетина лица влегоа на терен со намера да се пресметаат со фудбалерите, но беа спречени од полицијата и обезбедувањето.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.