Харадинај: Ако Србија го признае Косово, нема да има референдум за обединување со Албанија

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ABK), Рамуш Харадинај, одговори на изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој го нарече опасна личност, изјавувајќи дека „се додека се чини дека е опасно за Србија и нејзиниот претседател, Косово е на добар пат“.

„Не плашете се, господине Вучиќ. Не мора да бидете нервозни. Косово го бара само она што му припаѓа“, напиша Харадинај на социјалната мрежа Фејсбук.

Тој додаде дека сепак постои начин да се избегне референдум за обединување на Косово со Албанија во 2025 година.

„Постои еден многу едноставен начин, а тоа е Србија да го признае Косово како независна држава“, напиша Харадинај.

Лидерот на „АBK“ исто така напиша дека Косово ќе продолжи со намерата да биде членка, како во НАТО, така и во ЕУ, но и во ООН.

„Хистеричната реторика нема да не запре во нашето право да ја дефинираме иднината на Косово“, рече Харадинај. Тој објасни дека е општо познато дека неговата изјава и намера да се обедини со Албанија е резултат на постојаната небрежност на Брисел во врска со Косово.

„Косово и неговите граѓани се прозападно ориентирани и како такви не заслужуваат презир, незнаење и условување до бесконечност“, напиша Харадинај.

По повод изјавата на Харадинај за референдумот за обединување на Косово со Албанија, претседателот Вучиќ изјави дека Харадинај е опасен човек и дека „Голема Албанија“ ќе биде закана за сите, но исто така посочи дека Србија ќе има адекватен одговор на тоа.

На новинарско прашање да ја коментираат најавата на Харадинај, Вучиќ рече дека на заканите не треба да се враќа со закани.

„Мојот одговор е – вие ја работите својата работа, што сакате, а ние ќе имаме добар и адекватен одговор, а граѓаните не треба да се грижат“, рече Вучиќ денес, пренесува „Косово онлајн“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.