Харадинај го повлече барањето на Косово за прием во Интерпол

На амбасадата во Србија во Париз во вторникот попладнето ѝ била доставена нота, со која косовскиот премиер на заминување Рамуш Харадинај го повлекува барањето на Приштина за прием во меѓународната полициска организација Интерпол, изјавил српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за агенцијата Танјуг.

Нотата во амбасадата на Србија ѝ била доставена малку по 15 часот. Таа е доставена во дипломатската мисија во Париз, бидејќи седиштетот на Интерпол е во Лион.

Денеска во Чиле започна седницата на Генералното собрание на Интерпол на чијшто дневен ред беше и прашањето на членството на поранешната српска јужна покраина Косово.

Информацијата за повлекувањето на барањето за прием во светската полициска организација од страна на властите на Косово ја објави на Twitter и српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.

„Голема победа на Србија и на меѓународното право! Благодарејќи на огромната работа на делегацијата на Република Србија , апликацијата  на таканареченото Косово е повелечена непосредно пред почетокот на Генералното собрание на Интерпол во Сантијаго!“, напиша Стефановиќ.

Косово на 20-ти ноември минатата 2018 година во Дубаи на гласањето на Генералното собрание на Интерпол не беше примено во Интерпол. За прием на Косово во првиот круг од гласањето за членство тогаш гласаа 76 земји, 56 беа против и 22 се воздржаа. Косово не мина ни во вториот круг од гласањето, а против приемот на Косово во Интерпол гласаа 51 земја, 68 беа за, а 16 воздржани.