Харадинај: Курти го посрами Косово

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај оцени дека изјавата на косовскиот премиер за договорите на Белград и Приштина во Минхен го посрамила Косово и ги разочарала САД.

Станува збор за тоа што договорите потпишани на маргините на Безбедносната конференција во Минхен биле склучени без знаење на Курти.

Како што пренесуваат косовските медиуми, Харадинај на својот фејсбук профил потсети дека на 30 јануари ги повикал службениците на Косовската управа за цивилно воздухопловство и патен сообрачај и министерството за инфраструктура да ги информира за договорите кои ќе бидат потпишани со посредство на специјалниот претставник на Белата куќа Ричард Гренел.

„Премиерот Курти требаше да го направи тоа (да се запознае до договорите), а не да ја посрами земјата кажувајќи дека не бил информиран“, напиша Харадинај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.