Харадинај: Приштина ја очекува многу работа, Курти е недоследен

10

Премиерот на Косово во заминување Рамуш Харадинај, во својата прва реакција на договорот за формирање нова влада, рече дека Косово го очекува многу работа и дека формирањето нови институции ќе ја открие, како што рече, големата недоследност на шефот на Самоопределување, Албин Курти, пренесе приштинскиот весник „Зери“.

– Косово го очекува голема работа и важни процеси кои бараат лидерство, доследни ставови и сигурни и одржливи институции. Сè уште сум убеден дека агонијата за прекумерно споделување на фотелјата е само прва манифестација на голема измама што ќе го идентификува Албин Курти како премиер, рече Харадинај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.