Харадинај: Територијалните претензии на Србија го блокираа дијалогот Приштина – Белград

12

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај денеска преку Твитер и одговори на српската премиерка Ана Брнабиќ, која рече дека приштинските такси го оневозможиле дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Харадинај потенцира дека дијалогот бил блокиран поради територијалните претензии на Србија, а не таксите.

„Косово е суверена држава, меѓународно призната, со постоечки граници. Што побрзо тоа го прифатат Србија и Брнабиќ, тоа подобро за нив“, оцени косовскиот премиер.

Српската премиерка во интервју за Танјуг денеска рече дека таксите воведени од Приштина создале атмосфера во која не е можен никаков дијалог.

– Штом бидат укинати таксите и ние ќе бидеме подготвени за продолжување на дијалогот, рече Брнабиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.