Харадинај: Корекции на границите му одговараат само на Путин

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска го потврди својот став против укинувањето на дополнителниот данок за српските стоки и дека прашањето за корекција на косовската граница му одговара само на рускиот претседател Владимир Путин.

Харадинај истакнал дека секој што ќе го отвори прашањето за границата ќе се смета за непријател на албанскиот народ. Тој ова го изјавил во Дечани, по средба со етнички албански семејства.

Харадинај додаде дека данокот не го попречува дијалогот за конечниот договор со Србија, како и дека Косово никогаш во минатото не било посилно.