Харадинај нападна старица за време на службен настан

Харадинај нападна старица за време на службен настан Рамуш Харадинај нападна старица додека таа говореше на говорница во врска со одбележувањето 140 години од Призренската лига.

Жената е правнука на Мехмет Дерала, кој се смета за позната историска фигура.

Додека таа говореше, Рамуш Харадинај ѝ се приближи и се обиде да ја отстрани од говорницата. Бидејќи не успеа во својата намера, Харадинај го повика неговото обезбедување.

Видеото од настанот се споделува на социјалните мрежи и на албанските медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.