Харадинај: Приштина презема акции на северот на Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај соопшти дека Приштина презела конкретни акции за спречување на „сите прекугранични незаконски активности“ на северот на Косово и Метохија.

Харадинај ова го соопшти еден ден откако заканата со хуманитарна криза на северот на Косово поради недостигот од основни животни продукти го нарече „планирано сценарио“.

Тој на Твитер напиша дека „никаки лажни сценарија или лажни вести“ нема да ги спречат приштинските власти да го спроведат владеењето на правото во сите делови на Косово.

Тој не прецизираше за какви акции на Приштина станува збор, но наведе дека надлежните институции „презеле конкретни акции за спречување и борба против сите нелегални прекугранични активности во областа на зелениот појас на границата на Косово и Србија на северот“.