Харадинај: Само на Путин му одговара поделба на Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај изјави дека границата со Србија нема да биде изменета, пренесуваат приштинските медиуми.

Никој не би смеел да си игра со границите, да се обидува да ги поправа или да разменува територии. Промена на границите на Балканот би му одговарала само на рускиот претседател Владимир Путин, кој со задоволство би ги менувал границите во Босна. Ние би згрешиле ако му помогнеме на Путин, изјави Харадинај, со оценка дека секоја промена на границите би значела нова војна на Балканот.

Харадинај кажа дека секоја еднострана акција на северот на Косово би предизвикала реакција на приштинските институции.

Секој кој мисли дека може да го изненади Косово со еднострани акции ќе се соочи со одговор од Косово, изјави Харадинај.