Харадинај: Таксата останува, разговаравме за платформата за дијалогот со Србија

17

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по денешниот состанок на државниот врв кај претседателот на Собанието Кадри Весели, изјави дека на средбата се разговарало за косовската платформа за дијалогот со Србија и дека не станало збор за таксата од 100 отсто на увозот од таа земја и од Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Таксата, повтори Харадинај, останува „се додека Белград не престане со агресивното и деструктивно однесување кон Косово“, односно додека не ја признае неговата независност.

– Тоа што денеска се постигна како согласност е платформата (на косовскиот преговарачки тим) кога и да биде изготвена да се достави до Собранието, изјави Харадинај за време на посетата на компанија за преработка на дрво во Пеќ.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи и премиерот Харадинај, заедно со копретседателот на косовскиот тим за преговори со Србија, вицепремиерот Фатмир Лимај, и членовите на тимот, вицепремиерот Енвер Хоџај и пратеникот Висар Имери, се состанаа денеска кај собранискиот спикер Весели, во пресрет на, како што беше објавено, финалната фаза на дијалогот меѓу Приштина и Белград.

Skin Delight

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.