Харадинај: Во јануари ќе ја тргнеме границата меѓу Косово и Албанија

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај, најави дека од јануари идната година, Косово и Албанија ќе немаат граници, односно истите ќе бидат укинати, и сообраќајот како и стоката меѓу двете земји ќе може да се движи непречено.

„Ќе ја тргнеме границата со Албанија. Ќе ги тргнеме дури и оние мали куќички. Се ќе тргнеме“, најави Харадинај.

Засега нема официјален став од Албанија по ова прашање. Отстранувањето на границите би требало да се случи во јануари 2019 година.