Харден МВП на сезоната

Бекот на „Хјустон Рокетс“, Џејмс Харден е избран за најкорисен играч во НБА лигата во
гласањето во кое учествувале кошаркарите. Како што соопшти синдикатот на НБА
кошаркарите, Харден е избран за МВП на сезоната, а истото признание тој го доби и во
2015 година.

Популарниот „Брада“, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 30,4 поени, 8,8
асистенции и 5,4 скока по натпревар. „Хјустон“ регуларниот дел го заврши како најдобар тим
во лигата со 65 победи и 17 порази. Сепак, тимот од Тексас не успеа да се пласира во големото финале, бидејќи не успеа да ги совлада „Голден Стејт Вориорс“ во финалето на Западот.

Харден може и официјално да биде прогласен за МВП на сезоната бидејќи НБА лигата на 25.јуни, ќе го прогласи најкорисниот играч и ќе ги додели признанијата за најдобар дебитант, дефанзивец, шести играч, играч што најмногу напредувал и тренер.
Во конкуренција за МВП покрај Харден се и Ентони Дејвис од „Њу Орлеанс Пеликанс“ и Леброн Џејмс од „Кливленд Кавалирс“.