Харден постигна 55 поени против Кливленд

Синоќа во НБА-лигата беа одиграни неколку натпревари, а вечерта ја одбележа Џејмс Харден со 55 поени во победата против Кливленд, додека Сакраменто славеше со тројката на Богдан Богдановиќ против Оклахома сити тандер со 94-93.

Сакраменто од самиот старт тргнаа подобро во мечот и по првата четвртина имаа водство од пет поени, додека на полувреме Оклахома направи пресврт и замина со 47-38 во своја корист.

Екипата на Богдановиќ го бркаше противникот до самиот крај на мечот, а на 20 секунди пред крајот, при резултат 93-91 за Оклахома, Богдановиќ ја доби топката и се ослободи од својот чувар, по што шутираше и погоди за три поени.

Кај Сакраменто најефикасен беше Бади Хилд со 23 поени, Богдановиќ постигна 17 поени, а Бјелцаи имаше десет поени.

Хјустон рокетс славеше со 116-110 против Кливленд кавалирс, во меч во кој речиси половина поени за неговата екипа ги постигна Харден. Харден со 55 поени и осум асистенции го предводеше својот тим до триумф против ривалот.

РЕЗУЛТАТИ

Минесота – Јута 116-127
Торонто – ЛА Клиперс 92-112
Феникс – Мемфис 108-115
Милвоки – Newу Орлеанс 127-112
Кливленд – Хјустон 110-116
Голден Стејт – Newујорк 122-124 – продолжување
Бруклин – Шарлот 108-113
Сакраменто – Оклахома Сити 94-93
Феникс – Мемфис 108-115
Чикаго – Атланта 136-102
Индијана – Бостон 122-117
Орландо – ЛА Лејкерс 87-96

 

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

АТЛАНТИСКА ДИВИЗИЈА

1. Бостон 17 6 ​​.739 –
2. Филаделфија 18 7 .720 –
3. Торонто 16 8 .667 1 1/2
4. Бруклин 13 11 .542 4 1/2
5. Њујорк 5 20 .200 13

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА

1. Милвоки 22 3 .880 –
2. Индијана 16 9 .640 6
3. Детроит 10 14 .417 11 1/2
4. Чикаго 9 17 .346 13 1/2
5. Кливленд 5 19 .208 16 1/2

 

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА

1. Мајами 18 6 .750 –
2. Орландо 11 13 .458 7
3. Шарлот 11 16 .407 8 1/2
4. Вашингтон 7 16 .304 10 1/2
5. Атланта 6 19 .240 12 1/2

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

СЕРВЕНА ДИВИЗИЈА

1. Денвер 14 8 .636 –
2. Јута 14 11 .560 1 1/2
3. Оклахома Сити 11 13 .458 4
4. Минесота 10 14 .417 5
5. Портланд 10 15 .400 5 1/2

 

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА

1. ЛА Лејкерс 22 3 .880 –
2. ЛА Клиперс 19 7 .731 3 1/2
3. Феникс 11 13 .458 10 1/2
4. Сакраменто 11 13 .458 10 1/2
5. Голден Стејт 5 21 .192 17 1/2

 

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА

1. Далас 16 7 .696 –
2. Хјустон 16 8 .667 0 1/2
3. Сан Антонио 9 14 .391 7
4. Мемфис 8 16 .333 8 1/2
5. Њу Орлеанс 6 19 .240 11