Харел најдобар шести играч во НБА лигата

Крилниот центар на Лос Анџелес Клипер, 26-годишниот Монтрезл Харел е прогласен за најдобар шести играч во НБА лигата во оваа сезона.

Харел годинава имаше просек од 18,6 кошови и 7,1 скокови по натправар.

Во изборот учествувале сто новинари и претставници на медиумски мрежи, а Монтрезл Харел собрал 397 бодови.

Плејмејкерот на Оклахома Сити Тандерс, Денис Шредер добил 328 бодови и е втор во овој избор, а на третото место е уште еден кошаркар на ЛА Клиперс, бекот Лу Вилијамс со 127 бодови.