10.8 C
Skopje
вторник, април 23, 2024

Хари Костов нов сопственик на РК Вардар

Бизнисменот Хари Костов влегува во ракометниот првак и го презема управувањето со РК Вардар, неофицијално дознава Скопје Инфо од извори во клубот, откако пред десет дена беше објавено дека досегашниот челник на клубот Сергеј Самсоненко ќе биде спасен и пак ќе има мултимилионски буџет

Изворите брифираат дека клубот преговара и со други поголеми спонзори, но речиси е сигурно дека „Комерцијална Банка“ ќе биде главниот спонзор на Вардар и дека работењето со клубот ќе го менаџира Костов.

Промената во структурата на финансирање доаѓа по најавата дека Сергеј Самсоненко се повлекува од клубот и информациите дека најголемиот дел од ракометарите спасот си го бараат во трансфер и потпишување договори со други клубови.

На крајот на овој месец РК Вардар ги игра последните натпревари од оваа зема како дел од финалето на Лигата на шампионите. Каква ќе биде судбината на клубот ќе се знае многу наскоро.

Сергеј Самсоненко најави заминување од „црвено-црниот“ табор ако не добие финансиска помош од македонските бизнисмени, а по новиот успех на Вардар и притисокот од нацијата за спас на клубот, во целата акција се вклучија домашните моќници.

Според информациите до кои дојдовме, Сергеј Самсоненко според најавите ќе остане мнозински сопственик на РК Вардар и ќе продолжи да биде како инвеститор во тимот. Прв човек ќе биде Михајло Михајловски, а во финансирањето, Русинот ќе има голема помош од домашни компании, кои веќе го потврдија своето учество во клубот.

Како што пишуваше порталот Гол.мк околу креирањето на финансиската конструкција, се чека одговор на уште една голема компанија, чие име засега не се открива, а треба да даде „инјекција“ од нешто околу еден милион евра.

Бил договорен состанок на сите страни, на кој, наводно, на играчите ќе им биде соопштено дека нема да треба да бараат нови клубови и дека и во наредната сезона тимот ќе остане ист и ќе атакува на истата цел, а тоа е место меѓу најдобрите четири во Лигата на шампионите.

Самсоненко е во РК Вардар од 2014 година, а тимот со него како инвеститор оствари големи успеси за македонскиот ракомет. Вардар има три учества на Ф4-турнирите, меѓу нив и она пред две години, кога се победија Барселона и ПСЖ и се крена европската круна.