Харисон Форд во петтото продолжение Индијана Џонс

Холивудската ѕвезда Харисон Форд повторно ќе се појави во улога на познатиот авантурист-археолог Индијана Џонс во филмскиот серијал на „Дизни“. Филмот, во режија на Џејмс Манголд, би требало да биде петто и последно продолжение за 78-годишниот актер како Индијана Џонс.

„Дизни“ го објави соопштението во виртуелна презентација пред инвеститорите каде ги откри плановите и за филмските франшизи на „Војна на ѕвездите“ и „Марвел“.

Новиот филм треба да излезе во јули 2022 година. Филмскиот продуцент Френк Маршал неодамна изјави дека нема намера да го замени актерот во неговата иконска улога.

-Работиме на сценариото. Има само еден Индијана Џонс, а тоа е Харисон Форд – изјави Маршал.