Харков: Полета првиот авион со телата на жртвите

Првиот авион со телата на жртвите од соборениот малезиски авион МН17 полета денес за Холандија после церемонијата на која им била оддадена последна почит на жртвите.

Холандскиот воен авион полетал од аеродромот во Харков, под контрола на украинските власти, кон Ајнховен кадешто би требало да стигне околу 16 часот по средноевропско време.

Како што пренесоа новинските агенции, на жртвите конечно им е одржана достоинствена церемонија пред малубројните присутни додека воените акдети ги пренесувале телата во ковчези до авионот на пистата. После едноминутен молк единствен звик кој можел да се слушне бил ударот на чизмите на младите војници по пистата додека ги носеле телата на нивното последно патување.

Во Холандија денеска е ден на жалост заради 193 холандски жртви во падот на малезискиот авион на истокот на Украина, каде што истражителите на Интерпол почнале процес на идентификација на настраданите.