Хасан Диаб ќе биде назначен за премиер на Либан

Хасан Диаб, премиер на Либан

Поранешниот либански министер за образование, Хасан Диаб, обезбеди поддршка од повеќето парламентарни фракции во четвртокот и ќе биде назначен за нов премиер, се истакнува во соопштението на кабинетот на либанскиот претседател.

По конслтациите со парламетарните групи кои ги одржа либанскито претседател Мишел Аун во дворецот Баабд, кандидатурата на 60-годишниот префесор од Американскиот универзитет во Бејрут ја одобриле 69 од 128-те пратеници.

Шефот на државата го повикал во претедателската резиденција Хасан Диаб со цел да му го довери формирањето на новата либанска валда, чијашто приоритет ќе биде да ја извлече земјата од акутната економска криза.

Како што претходно изјави заменикот претседател на либанскиот парламент, Ајли Ферзли, „Диаб е личнос на дијалогото и припаѓа на многу ппочитувано бејрутско семејство“.

Според конфесионалното устројство на Либан, претседателот на републиката се избира од заедницата на маронитските христијани, премиерот го давааат сунитските муслимани, а претседателот на парламенто шиитските муслимани.

Диаб одс своја страна ветил дека за кусо време ќе ја формира новата влада, којашто ќе ја стабилизира стостојбата во земјата.

„Како независен политичар, ќе работам во согласност со очекувањата на народот и ќе се ппогрижам да се врати довербата на граѓаните во државата“, изјавил Диаб во четвртокот за новинарите во резиденцијата Баабд, по средбата со претседателот Аун.

Според Диаб, Либан минува низ круцијална фаза, којашто бара значителни напори за надминување на економската криза.

„Либанците треба да станат партнери во градењето на модерната дрќава“, рекол новиот премиер.