Хасаннефендиќ на клупата на ПСЖ ?

Според пишувањето на црногорскиот ракометен портал “хандбаллме.ме“,раководството на францускиот ракометен гигант Пари Сен Жермен преговара со искусниот ракометен стратег Сеад Хасанефендиќ.

Француските медиуми шпекулираат дека Сеад ќе го замени Филип Гарден на клупата на францускиот шампион. Најголема причина за желбата на челниците на ПСЖ да го сменат Гарден се лошите резултати на тимот во последно време.
Преговорите во име на Хасанефендиќ ги води неговиот менаџер Саша Братиќ.