Хашим Тачи денеска на распит пред Специјалното обвинителство во Хаг

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тачи беше врвен командант на Ослободителната војска на Косово, кој водеше герилска војна за независност од Србија кон крајот на 90-тите. Специјален меѓународен суд го обвини Тачи и други поранешни борци за наводни воени злосторства од страна на ОВК, вклучувајќи убиства, киднапирање и тортура.

Тачи ги негираше обвиненијата. „Додека мои сограѓани како и јас ќе се соочат со меѓународната правда со достоинство и интегритет, ве повикувам да застанете обединети во справувањето со предизвиците со кои се соочува нашата земја“, напиша тој на Фејсбук. Судијата допрва треба да реши дали ќе ги стави Тачи и другите пред суд или ќе го отфрли случајот. Тачи им порача на косовците дека ако му се суди, тој „веднаш ќе поднесе оставка како претседател и ќе се соочи со обвиненијата“. Обвинението на Тачи доведе и дооткажување на мировните преговори во Белата куќа меѓу косовските и српските лидери.