Хашим Тачи нема да се кандидира за претседател на Косово

46

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека повеќе нема да се кандидира за претседател и ќе го напушти јавниот живот.

„За неколку месеци, конечно ќе го напуштам институционалниот живот. Нема да се кандидирам за претседател, ниту пак ќе се вратам на патот по кој тргнав“, рече Тачи за една албанска телевизија во четвртокот вечерта.

Косовскиот претседател вети дека нема да се врати на ниту една институционална позиција.

„Нема да се вратам на институционална позиција, во парламентот или владата. Јас ќе бидам Хашим Тачи, без институционални функции“, рече Тачи и додаде дека ја напушта функцијата во време кога Косово се движи во вистинската насока.

Претседателот на Косово веќе подолго време повторува слични изјави.

Мандатот на Претседателот на Косово, Тачи, истекува на 7 април 2021 година, кога ја презеде должноста на третиот претседател на Косово на истиот ден во 2016 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.